Испечати

Пилешки раженчиња со зеленчук

Пилешки раженчиња со зеленчук

Состојки

  • 2 главици кромид
  • 250гр шампињони
  • 3-4 пиперки
  • 3 домати
  • масло, зачини
  • 1кг пилешки стек

Подготовка

Пилешкиот стек го сечкаме на коцки, исто така и кромидот пиперките и доматите. Потоа на стапчиња за раженчиња редиме коцка месо, па кромид, пиперка, домат и печурки, па повторно месо па повторно од зеленчукот и се така до речиси самиот крај на стапчето. Штом ќе ја потрошиме смесата, раженчињата ги посолуваме, намрсуваме со масло и наросуваме со мешан зеленчук и бибер. Ги пржиме од двете страни. Најдобро би било доколку се спремаат на скара