Испечати

Чоколадна торта (без печење и без брашно )

Чоколадна торта (без печење и без брашно )

Состојки

  • Бела смеса
  • 150 гр путер
  • 180 гр шеќер
  • 1 лажичка ванила шеќер
  • 50 мл млеко
  • 80 гр кокос
  • 200 гр овесни снегулки
  • Чоколадна смеса
  • 150 гр путер
  • 180 гр шеќер
  • 1/2 лажичка ванила шеќер
  • 40 гр какао
  • 200 гр овесни снегулки
  • 300 мл кафе готово и оладено
  • Чоколаден крем
  • 180 гр Чоколадо
  • 300 мл павлака без шеќер, а може и со шекер ако сакате

Подготовка

Оваа торта е лесна за правење и многу вкусна.

1. Калап 15 цм на кој што се вади крајот се постела со масна хартија и се подмастува по страните.
2. Белата смеса: путерот на собна температура се меша со шеќерот, потоа се додава се друго и се меша убава смеса. Може да се меша прво со миксер потоа со раце.
3. Чоколадна смеса: и овде исто се меша путерот со шеќерот, потоа се додава се друго и се меси убава смеса. Ако не сакате да ставате кафе, може и без кафе, ама кафето дава убав вкус.
4. Се делат смесите на 4 делови да дојди 2 бели и 2 чоколадни.
5. Се притиска во калапот прво бела смеса да дојде како кора, потоа чоколадна смеса, пак бела и на крај чоколадната. Се става калапот во најлон и се става во фрижидер најмалку 4 сати. Може да се прави 1 ден порано и да стои во фрижидер.

Се вади од калап и се декорира по вкус, јас ја декорирав со чоколаден крем. За топчињата оставив малку од чоколадната смеса и направив 5 топчиња. Валкани се во фарбан кокос.

чоколаден крем

Се става чоколадото и павлаката во тенџере да се стопи чоколадото на средна температура, никако не смее да почне да врие. Се остава да олади најмалце 5 часа и се мати со миксер да дојде како шлаг и се филова.