Посна пица
Состојки
- 1 пециво
- 1 филџан масло
- 1шолја кисела вода
- малку сол
- 2 шолји брашно
Подготовка
Од состојките се замесува меко тесто и со помош на рацете директно се распоредува во намрсен плех. Потоа се филува. Прво се става кечап, доматно пире или домашна салца, оригано, печурки, прстени кромид, морков, печени излупени пиперки, маслинки и најодозгора се ренда растителен кашкавал за да ја спои пицата.По желба се додава сусам. Се пече во загреана рерна околу 15 мин