Испечати

Слатки макарони

Слатки макарони

Состојки

  • 400 гр. макарони
  • 4 јајца
  • 400 мл. млеко
  • 100 гр. путер
  • 2 ванили

Подготовка

Макароните се ставаат во врела вода на оган за да се обарат. Јајцата се разматуваат со шеќерот и ванилата и им се додава млекото. На вака подготвената смеса се додаваат недоварените макарони,  и се ставаат во една подмачкана со путер поголема тавичка или во неколку индивидуални. Се додава и по малку путер одозгора. Се става во рерна и се печи на 200 степени за 30-40 минути.