Брз појадок/вечера
Состојки
- 4 парчиња леб
- 150-200 гр мелено месо
- малку праз или кромид
- 1 мала лажичка Фант
- По потреба сол и црн бибер
- 100 гр Моцарела или кашкавал
Подготовка
На месото се додава празот (кромидот) солта, црниот бибер и фантот, по желба може да се додадат и други зачини. Состојките се месат како за ќофтиња, готовата смеса се мачка на парчињата леб, се редат во тава и се печат во рерна само на горен греач за 15 минути и потоа се додава сирењето и се печи додека да се растопи.