Ролат од обланда со банани
Состојки
- Два листа обланда
- 3 банани
- 350 гр шеќер
- 100 гр путер
- 250 мл млеко
- 70 гр сецкани ореви
- 250 гр мелени бисквити
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1 лажица рум
Подготовка
1. Фил. Шеќерот, путерот и млекото се зоврива, потоа чекаме да излади смесата.
2. Во млакиот фил се додаваат мелените бисквити и се промешуваат на тивок оган, потоа се додаваат оревите, ванилата и румот. Сето тоа непрекинато се меша и се трга на страна.
3. Обландата малку се попрскува со млеко и се мачка со половина од филот , потоа се става ред од бананите и полека се витка во ролат.
4. Постапката се повторува. На крај ќе се добиат два ролата од обланда со банани, кои се послужуваат изладени.