Мафини од спанаќ и хељдино брашно
Состојки
- 3 јајца
- 1/2лажиче сол
- 220мл јогурт
- 50мл маслиново масло
- 250гр исчистен спанаќ
- 1 пециво
- 50гр гриз
- 80гр бело брашно
- 70гр хељдино брашно
Подготовка
Прво јогуртот се става во сецко на делимано и се додава постепено исчистениот спанаќ. Се блендираат да се соединат.
Сега се матат јајцата со сол, се додаваат измиксаниот спанаќ со јогурт, сол, пециво, гриз, масло, двата вида на брашно.
Лесно се промешува со шпатула да се соединат.
Се истура смесата во калап за мафини, кој е претходно намастен и посипан со брашно.
Се печат околу 25 минути на 200 степени.
Излегуваат 12 мафини.