Испечати

Зеленчукова чорба без запршка

Зеленчукова чорба без запршка

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 2 моркова
  • 1 тиквичка
  • 1 компир
  • неколку гранчиња магдонос
  • по потреба мешан сув зачин, масло, црн бибер

Подготовка

Во тенџере на оган ставете масло да се загрее.
Додајте го ситно сецканиот кромид,пиперка и ренданиот морков.
Пропржете додека омекнат па додајте ги ренданата тиквичка и ренданиот компир.
Откако се ќе се пропржи, налејте вода, колку да го облие зеленчукот.
Зачинете со мешан сув зачин и црн бибер и оставете на тивок оган да се вари околу 20-тина минути.
На крај додајте го сецканиот магдонос.