Вегетаријанска пица
Состојки
- за тесто(за 3 пици)
- 200мл топла вода
- пола лажица шеќер
- пола лажица сол
- 2 лажици маслиново масло
- 5 гр сув квасец
- по потреба брашно(пола интегрално,пола бело)
- за над тестото
- 15 тина шери домати
- половина главица кромид сечен на кругови
- 70гр шампињони
- 50гр црни маслинки
- 2-3 лажици доматен сос
- малку босилек
- малку оригано
- неколку свежи листови рукола
- четвртина авокадо
Подготовка
Се става квасецот во топла вода, заедно со малку шеќер и малку брашно и се остава 5-10мин да се запени. Потоа се додава солта, маслото, брашното(околу 400гр ) и се меси мазно тесто. Се дели на 3 дела и се оставаат да одморат 20тина минути. Од секој кора се сучи кора голема колку тавчето(бр 24,или 26) се редат одозгора сечените на половина шери домати, кромидот исечен на кругови, сецканите маслинки и шампињони, босилекот и ориганото. Се печи во загреана рерна на 250 степени околу 15-20мин. Откако ќе се испечи одозгора се сецка авокадо и се редат листови од рукола.