Зелена салата со пилешко и калинка
Состојки
- 100 гр рукола
- 1/2 главица ајсберг салата
- 1/2 калинка
- 200-250 гр. пилешки стек
- прстофат сол
- прстофат црн бибер
- 1/2 мало лажиче црвен пипер
- Дресинг
- 3 големи лажици маслиново масло
- 1/4 лимон
- 1/2 мало лажиче сол
- Додаток
- 2 парчиња леб
Подготовка
На пилешкиот стек се додава солта, црниот бибер и црвениот пипер, месото се печи во тавче.
Салатата се мие и се става во чинија, месото се сечи на парчиња се додава на салатата потоа се додаваат и зрната калинка.
Се подготвува дресингот - во еден сад се става солта, сокот од лимон и маслиновото масло се промешува и се додава на салатата.
Лепчињата се печат и се додаваат на салатата.