Колачиња со шарени бонбони
Состојки
- 150 гр путер
- 1/4 чаша кафеав шеќер
- 1/3 чаша бел шеќер
- 1 жолчка
- 1 лимон
- 1 + 1/2 чаши брашно
- 1 пециво
- 150 гр шарени бонбони
Подготовка
Путерот се растопува, кората од лимонот се ренда ситно.
Сите состојки без бонбоните се ставаат во еден сад и се меси меко тесто на крајот се додаваат и бонбоните. Од тестото се прават топчиња со големина на топче за пинг-понг и се поставуваат на растојание, бисквитите се печат 7-8 минути на 200 степени и се притискаат со една лажица за да добијат по плоска форма. Бисквитите се печат уште 4-5 минути и се готови.