Брзи грклани со лиснато тесто
Состојки
- 500 гр. готово лиснато тесто
- 500 мл. млеко
- 1 чаша (од 200мл) шеќер
- 2 јајца
- 4 големи лажици нишесте
- 50 гр путер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 4 големи лажици маскарпоне
- 3 големи лажици кокос
Подготовка
Готовото лиснато тесто се расукува и се сечи на ленти од по 1,5-2 сантиметри и секоја лента се завиткува околу метални калапчња за грклани кои што предходно се намачкуваат со малку путер. Калапчиња за грклани може да се направат и од алуминиумска фолија. При виткањето на гркланите секој нареден ,,прстен,, преклопува 1/3 од предходниот. Готовите грклани се печат на 200 степени 20-тина минути, за тоа време се подготвува филот.
400 мл. од млекото се става во сад на шпорет да се загрева заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер, а останатите 100 мл. се ставаат во друг сад во кој што се додаваат нишестето и јајцата од кои што се прави хомогена смеса.
Млекото, јајцата и нишестето се додаваат во млекото на шпорет, кремот се вари 10-тина минути при што постојано се меша, на крајот се додава путерот и кокосот.
Готовиот крем се остава да излади и потоа се додава маскарпонето, целата смеса се хомогенизира и готовите и изладени грклани се полнат со кремот.