Пијани слатки

Состојки
- 50 гр мелени ореви
 - 1 лажица шеќер во прав
 - 1 -1/2 лажица коњак
 - 1 ½ црно чоколадо за готвење
 
Подготовка
1. Оревите, шеќерот и коњакот ги мешаме заедно да добиеме компактна смеса. Од смесата правиме мали топчиња.
 2. Чоколадото го топиме на пареа. Во хартиени корпина за слатки ставаме по 1 лажиче од стопеното чоколадо, потоа по едно топче кое малку го притискаме во корпето. Корпето го дополнуваме со чоколадо.
 Од оваа количина излегуваат 20 парчиња слатки.