Пица болоњезе
Состојки
- Тесто
- 250 гр брашно
- 1/2 пакетче квасец (3-4гр сув)
- 100 мл. вода
- 2 големи лажици масло
- 1 мала лажичка шеќер
- 1 прстофат сол
- Сос
- 300 гр мелено месо
- 1 полна лажица Фант болоњезе
- 100 мл. вода
- 2 домати
- 1/4 кромид
- 1 чешне лук
- 1 прстофат сол
- Додатоци
- 150 г. моцарела
Подготовка
Од брашното, квасецот, шеќерот, водата, солта и маслото се замесува тесто кое што се остава на топло за половина час, за тоа време се подготвува сосот.
Во тавче се ставаат ситно насечканите кромид и лук, се запржуваат за кратко и им се додава месото, целата смеса се пржи и потоа им се додава ренданиот домат.
Фантот се раствора со 100 мл. вода и му се додава на месото, сето се пржи додека водата не испари, на крај се додава малку пресен босилек и прстофат сол и сосот е готов.
Тестото се расукува танко и се става во тава, врз тестото се става сос и моцарела, готовата пица се печи прво на рингла за 5 минути (додека од долу да фати коричка) потоа се печи во рерна уште 10 минути. Откако ќе се испечи се додава и пресен босилек.