Испечати

Чорба од целер

Чорба од целер

Состојки

  • 1,2л вода
  • 1 рака фиде или тестенина за чорба
  • 1 поголем морков
  • 1/2 главица целер
  • 1 рака листови од целер
  • сол, бибер, зачин, магдонос,маслиново масло
  • за зачинување
  • 1 јајце
  • 3-4 лажици кисело млеко
  • 1 лажиче сок од лимон

Подготовка

На една лажица маслиново масло се пропржуваат коцките морков и целер.
Потоа се налива водата, се додаваат зачините и листовите целер и нека крчка 10 минути.
Се додава фидето и вари уште 2-3 минути.
Се трга од оган.
Во чинија се соединуваат јајцето, киселото млеко, магдоносот, сокот од лимон.
Со постојано мешање се ставаат во чорбата.
Се сервира.
По желба може да се додаде и мелен ким.