Зелено смуди
Состојки
- 1 банана
- 10 листови спанаќ
- 1 тегла 800 гр компот од кајсии
- 5-6 гранчиња магдонос
- 1 цитрон
Подготовка
Еден здрав утрински напиток.
Некаде имав слушнато дека наутро е здраво да се пие зелен сок.
Епа еве од мене еден предлог.
Магдоносот и спанаќот измијте ги, ставете ги во апаратчето за коктели.
Додајте го компотот од кајсии.
Извадете ги семките од црните сливи и додајте ги заедно со бананата.
По ваша желба додајте и неколку коцки мраз.
Додајте го и цитронот и измиксирајте.
На здравје.