Мусака со модри патлиџани
Состојки
- 4 модри патлиџани (зависи од големината)
- 500 гр мешано мелено месо
- 2-3 моркова
- 2 главици кромид
- 3-4 парченца лук
- мешан сув зачин, сушен или свеж магдонос, мускатно оревче и малку цимет, а може да се стави и тимијан, оригано,...
- малку масло
- За прелив
- 1 лажица путер
- 2 лажици масло
- 2 лажици брашно
- 400 мл млеко
- сол, мускатно оревче, бибер по вкус
- 2 јајца
- 200 гр кисела павлака
- зачини по вкус
Подготовка
Ова е ручек кој ни е омилен на сите, сочен и многу вкусен. Оригиналната верзија се подготвува со бешамел, ама мене и варијантата за прелив со кисела павлака исто ми е многу вкусна.
Подготовка
1. Модрите домати ги лупиме и сечкаме на кругови со дебелина околу 8 мм. Ги ставаме да се потпечат на грил тава, а може и на тостер.
2. Кромидот и морковот ги сечкаме на сечко и ги ставаме да се запржат до застаклување. Потоа го упржуваме и месото, па зачинуваме.
3. Во тава редиме ред модар патлиџан, ред месо и така до врв.
4. За бешамелот ги ставаме путерот и маслото да се соединат и загреат, го додаваме брашното да се запржи, па потоа го ставаме топло млекото. Мешаме до згуснување и потоа зачинуваме.
5. Залеваме со бешамелот и ставаме да се пече на 200 степени.