Потпечени солени палачинки
Состојки
- 10 палачинки
- За полнење
- 150 гр салама
- 150 гр сирење
- 50 гр чајна или сланина
- За прелив
- 1 канче кисело млеко
- 50 гр кашкавал
- 3 јајца
- прстофат оригано
Подготовка
Палачинките ги правиме по сопствен рецепт. Состојките за полнење ги сечкаме и ги соединуваме. Ставаме од нив врз палачинките и ги виткаме. Ги редиме во тава. Изматените јајца со киселото млеко и ренданиот кашкавал ги мешаме, ставаме оригано и ги залеваме палачинките во тавата. Печеме на 200 степени во загреана рерна додека да поцрвенат.
Забелешка
Комбинирав и урда и сирење во полнењето. Киселото млеко ми беше домашно, па може да намалите ако користите купечко зошто тоа е малку повеќе влажно. Јас ги печев со затворен капак.
Пријатен апетит!