Морков салата со сос
Состојки
- 6 моркови
- 1 супена лажица сусам
- 1 чешне лук
- 2 мали лажичиња мед
- 2 големи лажици вински оцет
- 2 мали лажици сенф
- 5 големи лажици маслиново масло
Подготовка
Морковите рендаме на ситната страна.
Сусамот го запржуваме во сад на оган без масло.
Сосот се спрема на овој начин
Лукот се пасира. Маслото, сенфот, медот и оцетот се миксираат.
Јас ги измешав со апаратчето за нескафе.
Се зачинува со сол и црн бибер.
Се меша сосов со пасираниот лук,и се зачинува сосот.
Се додава сусамот и се помешува се заедно.Полејте ја салатата.
Ова е еден уникатен вкус кој мене лично многу ми се допадна.
На здравје