Испечати

Домашен зачин во тегла

Домашен зачин во тегла

Состојки

  • 500 гр. морков
  • 200 гр. корен од магдонос
  • 200 гр. пашканат
  • 400 гр. целер
  • 250 гр. црвен кромид
  • 300 гр. праз
  • 4 чешниња лук
  • 2 црвени пиперки
  • 2 жолти пиперки
  • 1 помала келераба
  • по 40 гр. лист од магдонос и целер
  • 600 гр. сол

Подготовка

Добро измиени состојките, исчистени, измерете ги. На 2 кгр. зеленчуци и зачинки се става 600 гр. сол. Служи како додаток на јадење. Бидејки е доста солено (солта го чува од расипување) ќе бидете внимателни при додавањето, да не пресолите јадење.
- Сето ова исечете на поедри парчиња, исецкајте во сецко, додајте солта, измешајте, наполнете теглите и ставете кај останатата зимница.
- Секоја тегла која ќе ја отворите поради сигурност чувајте ја во фрижидер.
Затоа е потребно да се собере во помали тегли.
Вие можете да си ги изберете зачинките сами и да си направите свој микс, измерете и додајте солта.
Толку - кратко и јасно.