Лешник колачиња со нутела
Состојки
- 200гр путер
- 50гр шеќер во прав
- 7гр сув квасец (1 пакетче)
- 3 ладни јајца
- 5 лажици јогурт или млеко
- 1 ванила
- малку сол
- малку махлеп
- околу 400гр брашно
- околу 200гр нутела
Подготовка
Многу ми се допаднаа колачињата, миризливи, вкусни со изненадување во средината.
Се матат јајцата со путерот, се додава јогуртот(млекото), квасецот, сол, шеќерот, на крај малку по малку брашното. Се меси со рака да се добие убаво мазно тесто што нема да лепи. Се остава да се одмори 30тина минути. Се прават околу 16 -18 топчиња. Од секое топче се развлекува кора се става по едно лажиче нутела се затвора нежно со прстите и затворениот дел се става одоздола. Се редат во намрсен плех. Се оставаат да стасаат, пред печење се премачкуваат со изматено јајце и се редат сецкани лешници. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15мин.
За љубителите на есктра нутела, сечете ги колачињата и премачкајте ги со плус нутела.