Видео рецепт: Палачинки со пилешко и сос од печурки
Состојки
- За ПАЛАЧИНКИТЕ ќе ви треба:
- 120 гр. брашно
- малку сол
- 1 јајце
- 280 мл. млеко
- 1 лажица масло
- Ќе ви треба:
- 3 помали парчиња пилешки стек
- 300 мл. вода
- Фант за сос од печурки
- 100 гр. ајдамер кашкавал
Фичо ќе подготви интересен ручек со пилешко месо и палачинки. Сето тоа во сос од печурки, за фантастичен вкус!
Подготовка
Чекор 1: Во сад за матење измешајте ги состојките за палачинки и испечете неколку палачинки. Тргнете ги на страна.
Чекор 2: Стековите ставете ги во лонецот да се сварат. Во големата тава додадете ја водата и Фантот и мешајте додека не проврие. Кога ќе проврие додадете го изренданиот кашкавал и мешајте да се растопи.
Чекор 3: Стекот цепкајте го на конци и ставете го во тавата со сосот.
Чекор 4: Палачинките исечете ги на тенки ленти и во форма на паста додадете ги во тавата со сос.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Оваа необична комбинација со палачинки нам многу ни се допадна. Пробајте ја и кажете ни го вашето мислење.