Суви колачиња
Состојки
- 250 гр брашно
- 100 гр шеќер во прав
- 200 гр путер/маргарин
- прстофат сол
- 2 жолчки
- екстракт со арома на кокос, лешник, бадем... што сакате или имате
Подготовка
Измешајте ги низ прсти убаво најпрво брашното, шеќерот, солта и путерот. Потоа додадете ги жолчките и аромата која ќе ја изберите или имате.
Тенко рассукајте го тестото врз набрашнета работна површина и со калапче вадете форми.
Печете ги на 170С 7 минути. Внимавајте да останат бели.