Испечати

Векна со зеленчук

Векна со зеленчук

Состојки

  • 1 тиквичка
  • 1 морков
  • 3 јајца
  • мешан сув зачин, лук во прав, бибер по вкус, кромид сушен
  • 1 пиперка
  • 60 гр сирење
  • 2 лажици грашок од конзерва
  • За прелив
  • 1 јајце
  • 2 лажици полни кисела павлака
  • 2 лажици пармезан за посип
  • 50-100 гр лебни трошки за посип на калапот

Подготовка

Ова предјадење може да го послужите топло, ама и ладно, нека ви биде по вкус и желба. Бидејќи се подготвува брзо и ако направите поголема доза може да се искористи и како оброк.

Подготовка
1. Тиквичката ја лупиме и заедно со морковот ги сечкаме на мали коцки. Во нив кршиме три јајца и зачинуваме по вкус.
2. Половина од смесата ја ставаме во калап за векни посипан со лебни трошки.
3. Пиперката ја чистиме од дршката и семето. Ја полниме со сирењето во кое сме го измешале грашокот.
4. Ја ставаме полнетата пиперка, па покриваме со другата половина од смесата.
5. Јајцето го мешаме со киселата павлака, ја прелеваме цела содржина и наросуваме пармезан.
6. Печете околу 20-25 минути на 180 степени.

Забелешка
Пиперката пушта сок па добро е да ставите околу неа лебни трошки, за да го впијат вишокот на течноста. Целиот калап намрсете го нежно со масло па посипете со лебни трошки за да ви се залепат на калапот.