Испечати

Морков торбички

Морков торбички

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 250 гр путер
  • 250 гр морков
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 1 пециво
  • по потреба пекмез од сливи или некој друг по ваша желба

Подготовка

Морковот го рендаме поситно го рендаме и путерот го додаваме шеќерот во прав, брашното и пецивото. 
Ги месиме сите состојки. Ќе добиете малку потврдо тесто кое ќе го расукате во тенка кора и ќе го исечете на коцки. На секоја коцка ке ставите од пекмезот по малку, ќе ги преклопите коцките да добиете триаголник и ќе ги притиснете краевите со вилушка.
Ќе ги наредите во плех обложен со хартија за печењеи ќе ги печете во загреена рерна на 180 степени околу 20 минути. Кога се готови уште топли ќе ги посолите со шеќерот во прав.