Испечати

Кинеско - ориз со зеленчук и јајца

Кинеско - ориз со зеленчук и јајца

Состојки

  • 1 шоља ориз
  • 3 средно големи јајца
  • По 100гр моркови,грашок,пченка,зелка,соеви никулци
  • 2 лажици сончогледово масло
  • 2 лажици соја сос

Подготовка

Оризот го вариме до полуготовост. Окулу 10-12 минутки. Го цедиме, обилно миеме со ладна вода и повторно оставаме да се цеди.
Во вок тава или подлабоко тавче, го ставаме маслото. Од како ќе загрее ги додаваме сите зеленчуци, предходно миени и сецкани по должина. Се пржат 3 минути со постојано мешање.
Го додаваме оризот во зеленчуците.
Во тенок млаз ги сипаме и јајцата со постојано мешање.
Се готви уште 5 минути.
На крај се додава соевиот сос и се поклопува да земе здив.

Забелешка - Јас овој пат користев обичен ориз, по правило се користи од оној долгнавестиот. Може и да ви е потребно повеќе време за варење, во зависност каков ориз користите. Соја сос може да користите повеќе/помалку, знаете дека е солен и тоа е се до вкус.