Унгарски гулаш со кнедли
Состојки
- 700гр јунешка картина
- 500гр кромид
- 2 мали лажици црвен пипер
- бибер во зрна
- 2 ловоров лист
- 1 пакетче фант за гулаш
- За кнедли
- 300 гр двопек кршен
- 1 главица кромид
- 3 јајца
- 150мл млеко
- 50гр брашно
Подготовка
Во тенџере се пржи исецканиот кромид да добие жолта боја. Се додава црвениот пипер, вода, биберот во зрна, ловоровиот лист и кога ќе зоврие водата се додава месото исецкано на коцки
Се поклопува и крчка на тивко два часа. Кога е готово месото се зема пакетчето фант гулаш, се раствара со вода, се додава во гулашот и крчка уште 15 мин.
За кнедлите од наведените состојки ги ставаме во една вангла и замесуваме смеса како за ќофте ги формирам топчиња и во тенџере ставаме вода кога ќе зоври ги ставаме кнедлите и варат 15 мин. Добар апетит