Овошен јогурт со мешано овошје
Состојки
- 300 г. кисело млеко
- 300 г. кисела павлака
- 100 г. малини
- 100 г. капини
- 10-15 смокви
- 3-4 големи лажици мед
Подготовка
Капинките, малинките, смоквите и медот се ставаат во еден сад и се пасираат, им се додава киселото млеко и павлаката и сето се промешува додека се соедини.
Готовиот овошен јогурт се распределува во чаши и се декорира по желба.