Лосос во маринада
Состојки
- 1кг лосос
- 150мл маслинов зејтин
- 2 лимона
- 4 лажици соја сос
- 3 лажици рузмарин
- 1/2 лажичка лук во прав
- по потреба брашно и масло за пржење
Подготовка
Лососот се реди во подлабок сад и се полева со зејтинот и соја сосот. Се додава и рузмаринот и лукот. Лимонот се цеди и се остава рибата да одстои околу 2 часа. Се валка во брашно и се пржи на помалку зејтин затоа што лососот е помрсен.