Торта со ресана
Состојки
- 100 гр чоколадо за готвење
- 250 гр путер
- 250 мл млеко
- 300 гр бисквити
- 120 гр ореви
- 800 гр ресана колачи
Подготовка
Ресана колачите и бисквитите искршете ги на 4 дела и ставете ги во еден сад. Додајте ги оревите крупно сечкани (претходно потпечени кратко во рерна). Млекото, путерот и чоколадото стопете ги на тивок оган. Кога ќе се растопат, со оваа смеса се полеваат сувите состојки и се меша додека не се соединат. Оваа смеса се става во калап обложен со најлонска фолија и се става во фрижидер да се стегне. Може да се украси со шлаг, глазура, рендано чоколадо, кршени ореви....
Јас правев со половина доза, затоа на сликата се мали парчињата ))))))