Испечати

Септолете домашни бонбони против кашлица

Септолете домашни бонбони против кашлица

Состојки

  • 1 чаша 180-190 мл
  • 1 чаша шеќер
  • 1/2 чаша вода
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица мед
  • 1/2 лажиче ѓумбир во прав
  • 1/4 лажиче мелено каранфилче

Подготовка

Ставете ги сите состојки во огноотпорен сад на највисока температура додека зовријат. Потоа, намалете ја температурата на средна до средно-висока и мешајте често 20на минути. Ќе се добие течна густина (многу слична како шербетот за слатко).

Тргнете го садот на страна и оставете го неколку минути да подолади (зависно од собната температура, околу 5 минути).
Во плехот од шпоретот скоцкајте пек-хартија. Со помош на лажица сипете од бомбон смесата во мали купчиња во големина на станадардни бонбончиња. Оставете ги барем 20 минути да се здрват, па посипете ги со шеќер во прав обилно. Извадете/одлепете ги од хартијата и убаво измашејте ги.

Чувајте ги на ладно и суво место. Помеѓу секој ред ставете мрсна хартија или приросете шеќер во прав.