Испечати

Паста со песто од босилек

Паста со песто од босилек

Состојки

  • 100 г. босилек
  • 50 г. пармезан
  • 80 г. бадеми
  • 50 мл. маслиново масло
  • 400 г. шпагети

Подготовка

На оган се става тенџере со вода и сол за шпагетите. Откако ќе зоврие се става пастата и се вари.
За тоа време се подготвува пестото. Во блендер се ставаат босилекот, пармезанот, бадемите и маслиновото масло и се блендираат за 1 - 2 минути. Откако шпагетите ќе се сварат се измешуваат со сосот и се сервира. Одозгора може да се наренда пармезан.