Поховани смокви
Состојки
- 8 смокви
- 1 јајце
- 70 гр. брашно
- 100 мл вода
- 50 гр. ореви
- 20 гр. сусам
- 2 големи лажици брашно
Подготовка
Од брашното, водата и јајцето се прави смеса како за палачинки. Во неа се потопуваат целите смoкви кои потоа се валкаат во надробените ореви, сусам и двете лажици брашно.
Така подготвените смокви се пржат во загреано масло.
Се сервираат во чинија и се преливаат со мед за секоја смоква по една мала лажичка мед, во чинијата може да се стави и малку кисела павлака.