Апетитка
Состојки
- 5 кг црвени домати
- ½ кг рендани моркови
- 2 дл винска киселина
- 1 чаша шеќер
- 100 гр крупна сол
- 300 гр масло
- 1 пакетче црн бибер во зрно
- 300 гр феферони
Подготовка
1. Доматите се попаруваат со врела вода за да им се одвои лушпата. Се лупат се чистат од зеленото и се блендираат.
2. Во тенџере се ставаат да се варат. По 15 минути се додаваат морковите, киселината, шеќерот, солта, маслото. Со постојано мешање се вари уште 45 минути. Пред вадење се додаваат црниот бибер и фефероните претходно потпечени.
3. Топло се собира во топли тегли. Теглите се завиткуваат во ќебе и се оставаат да се изладат.
Чашата со која мериме за шеќерот е од 2 дл.