Испечати

Луто макало

Луто макало

Состојки

  • 10 суви лути пиперчиња
  • 5-6 чешниња лук
  • 250 мл доматен сос
  • 50 мл масло
  • по потреба/желба нане и магдонос

Подготовка

Лутите пиперчиња потпечете ги на жешка плотна (гледајте да биди на отворено, оти од чадот ќе кашлате сите по куќата).
Надробете ги понаситно и додајте го лукчето, исечкано на ливчиња.
Маслото загрејте го и попарете ги пиперките.
Потоа ставете го и доматниот сос, ставете малку нане, свеж магдонос и уживајте.