Благи чоколадни трупчиња (без печење)
Состојки
- 200гр рендано црно чоколадо
- 100гр мелени ореви
- 2 лажички рум
- 3-4 лажици еурокрем или мед
- 1 кора од еден портокал
- 3 лажици кристал шеќер за валкање на трупчињата
Подготовка
Во овој период од годината по дворовите се редат трупчиња, дрвца, па еве и јас да наредам некое трупче во мојата кујна, ха,ха.
Eдноставни, ефектни, вкусни колачи.
Во една вангличка се соединуваат изренданото чоколадо, мелените ореви, румот
(кој не го сака може да го замени со сок од портокал), кората од портокал и еурокремот.
Убаво се измесува со рака.
Се зема од смесата со големина на орев, меѓу дланките се формира трупче долго одприлика по 5 цм, а широко по 1 цм.
Се валкаат во кристал шеќер.
Се редат на послужавник, нека одстојат 3-4 часа да се просушат, па се сервираат.