Сок од вишни сируп
Состојки
- 5кг вишни
- 5 лимонтуса
- 1/ 1/2 вода
- 4кг шеќер
Подготовка
Вишните се мијат и се стават во поголема шерпа се гмечат со рака со се семки. Кога убаво ќе се изгмечат се додава лимонтусот и водата и се меша. Стои цела ноќ и утредента го прецедувам преку едра цедалка, па преку ситна цедалка. Го додавам шеќерот и кога ќе се растопи го собирам во пластични шишиња и го замрзнувам.