Испечати

Летна туна салата

Летна туна салата

Состојки

  • 1 конзерва туна (околу 300 гр)
  • 5-6 листови марула
  • 1 домат (поголем)
  • 1 краставица
  • 100 гр обарен грашок
  • 100 гр обарен морков исечкан на коцки
  • 100 гр обарена пченка
  • 100 гр црни маслинки
  • 100 гр кашкавал рендан
  • 1 лажиче сол
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • 3-4 лажици балсамико

Подготовка

1. Марулата се дроби поситно и се става на дното на чинијата
2. Врз марулата се става туната и целиот останат зеленчук исечкан на коцки, како и обарениот грашок, пченка и морков.
3. Се додаваат маслинките, сол, маслото и балсамикот
4. Најозгора се ренда кашкавалот