Сок од праски

Состојки
- 20 праски
 - 20 лажици шеќер
 - 400гр вода
 
Подготовка
Исчистете ги праските од семката не и од лушпата (така е поубаво) ставете ги во блендер и сомелете ги. Потоа во длабоко тенџере ставете ја водата и шеќерот да зовријат. Откако ќе зовријат водата и шеќерот додадете ги мелените праски. Варете половина час на тивок оган. Флаширајте како сакате. Јас го ставив во стаклени шишиња и во фрижидер.