Пржени сендвичи
Состојки
- 8 рибанки (кришки) леб
- малку маргарин (за премачкување на сендвичите)
- малку масло за јадење (за пржење)
- 2 јајца
- малку сол
- 4-5 лажици презла
- 8 кругови шунка (од мало црево шунка)
- 4 парчиња кашкавал
- 4 парчиња чајна колбасица
Подготовка
1. Секоја рибанка, кришка се премачкува со маргарин од едната страна
2. Се става на 4 од рибанките по 2 круга шунка, 1 парче кашкавал и едно парче (подолгнавесто сечено) чајна колбасица
3. Се затвараат сендвичиве со четирите рибанки кои се само премачкани со маргарин
4. Се топат сендвичите во матено јајце, па се валкаат во презла и се пржат во врел зејтин колку да се заруменат