Испечати

Здрави солени крекери

Здрави солени крекери

Состојки

  • 100 г овесни снегулки
  • 100 г пченкарно брашно
  • 75 г семки од тиква
  • 50 г сончоглед
  • 50 г ленено семе
  • 2 лажици масло
  • 250 мл вода
  • Прстофат сол

Подготовка

Сувите состојки се мешаат во сад, се додава маслото и се меша убаво.
Водата се вари и се истура врела во садот. Се меша со лажица убаво.

Се става мрсна хартија на плех и се истура смесата на плехот. Се става друга мрсна хартија и се притиска со раце да дојде голема како плехот. Се вади хартијата и се поросува со сол и зачин по вкус. Се печи во загреана рерна на 160 степени од прилика 1 час. Здрави и превкусни!!!!