Испечати

Брз појадок на руски начин

Брз појадок на руски начин

Состојки

  • 2 јајца
  • 400 гр урда (изварка)
  • по вкус сол
  • 100 гр чаден свински врат
  • 4 лажици масло
  • по потреба сусам

Подготовка

Вкусни печени омлетчиња, идеални за појадок без маснотии.

Во длабок сад разматете ги јајцата, додадете ја урдата и сол по вкус, промешајте да се изедначи смесата. Потоа додадете го претходно исечканиот свински врат и маслото, повторно промешајте.
Со лажица земајте од смесата и ставајте во плех, обложен со хартија за печење на растојание од 3-4 см, бидејќи смесата малку се разлева при печење. Наросете по малку сусам, пред печење.
Печете на 200 степени, околу 20 минути.