Видео рецепт: Чоколадна салама
Состојки
- 100 гр. солен путер
- 100 гр. шеќер во прав
- 1 јајце
- 100 гр. какао
- 1/4 шолја кокос
- 1/4 шолја печени несолени лешници
- 100 гр. суво овошје по желба
- 1/4 шолја суво грозје
- 200 гр. тврди бисквити (вашите омилени)
Фичо ќе ни покаже рецепт за салама, но чоколадна. Брз, вкусен и декоративен десерт!
Подготовка
Чекор 1: Во сад на оган растопете го путерот. Во друг сад измешајте ги јајцето и шеќерот во прав. Во путерот додадете го какаото и потоа соединете ги смесата со јајце и смесата со какао.
Чекор 2: Во сад измешајте ги кокосот, лешниците, сувото овошје и бисквитите. Додадете ја чоколадната смеса. Мешајте се додека не добиете смеса налик на тесто.
Чекор 3: Направете ја смесата во облик на салама и завиткајте ја во пластична фолија. Оставете ја смесата преку ноќ во фрижидер, или 1 час во замрзнувач.
Чекор 4: Во сад со шеќер во прав извалкајте ја саламата. За подобар ефект врзете ја со коноп.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Фичо во смесата додаде и арома на круша, но вие може да употребите друга арома по желба, или воопшто да не ставите.