Испечати

Колачиња со мусли

Колачиња со мусли

Состојки

  • 2 средни јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици мед
  • 100 мл масло
  • 100 мл млеко
  • 250 гр мусли со разно овошје
  • 300 гр брашно
  • 2 лажички прашак за пециво

Подготовка

Колаченца со интегрален вкус, погодни за со млеко, чај или кафенце.
Со миксер изматете ги јајцата, шеќерот и медот додека се стопи шеќерот. Додајте ги маслото и млекото и со мала брзина, кратко изматете ги да се изедначат со јајцата.
Исклучете го миксерот и додајте го брашното, муслите и пецивото. Сега измешајте ги со голема лажица или шпатула. Ќе се добие густа, мека смеса.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. 
Во плех во кој сте ставиле хартија за печење ставајте од смесата по една полна лажица.
Ставете ги да се печат околу 12-13 минути, да добијат светла кремаста боја.