Испечати

Печени американски крофни - донатс

Печени американски крофни - донатс

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 1/2 пак. (5 гр) прашок за пециво
  • 1 пак. (7-10 гр) сув квасец
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажиче сол
  • малку цимет
  • 2 јајца
  • 250 гр рикота сирење
  • 50 гр маслац
  • 1 лажичка рендана кора од лимон
  • 100 мл топло млеко
  • 40 гр путер за премачкување

Подготовка

Измешајте ги сувите состојки.
Додајте ги разматените јајца, испасираната рикота, истопениот путер, кората од лимон и млекото. Измесете се заедно во меко тесто.

Префрлете го тестото на побрашнета работна површина и премесете го убаво и глатко.
Потоа, развлечете го во дебелина од 1 до 1,5 см и исечете со кружен калап кругови. Секој круг во средината исечете го со помал кружен калап.

Исечените крофни наредете ги во плех обложен со пек-хартија. Покријте ги со кујнска крпа и оставете ги така да одмараат 30на минути.

Потоа премачкајте ги со стопениот путер и печете ги во загреана рерна на 180С околу 20ина минути, додека благо не поруменат.

Кога ќе изладат украсете ги со стопено бело, црно чоколадо, шеќерна глазура и посипете ги со шеќерни трошки или слични украси.