Освежителен пијалок - безалкохолно
Состојки
- 1кгр исчистена лубеница
- 2 поголеми праски
- 2лажички сок од лимон
- 1/2лажиче рендан ѓумбир
- 10-15 ливчиња нане
- вода по потреба, а и не мора
Подготовка
Идеално за овие летни горештини.
Претходно овошјето нека биде во фрижидер или пак од кога ќе го спремите напитокот ставете го да се лади.
Прво лубеницата се сече на парчиња, се чисти од семките, па се сече на поситни парчиња.
Праските се лупат и се сецкаат на коцки.
Се ставаат во блендер да се добие мазна смеса.
Се додаваат и ливчињата нане, кратко се блендира, па ѓумбир, сок од лимон.
Се сервира во чаши, се декорира со ливчиња нане и коцки мраз.