Испечати

Плескавици од тиквички

Плескавици од тиквички

Состојки

  • 1 тиквичка средна големина
  • 3 лажици сецкан магданос
  • 1 кромитка
  • 1/2 лажичка пециво или сода бикарбона
  • 1 лажица кцана сол
  • 4-5 лажици брашно
  • 2 јајца
  • сол,бибер и масло за пржење

Подготовка

Брз едноставен доручек или ручек во комбинација со убава шопска салата...мерак.

Подготовка
Тиквицата по желба ја лупите (но и не мора)ја рендате и малку посолувате, солта да ја извлече целата течност од тиквицата. Процедете убаво истиснувајќи ја сета течност која ќе ја пушти тиквицата. Изрендајте ја кромитката и додадете во тиквицата промешајте. Во неа додадете ги сите останати состојки јајцата, магданосот, пецивото, кцаната сол, брашното и зачинете по желба.
Загрејте малку зејтин во тавче и ставајте од смесата со лажица. Пржете ги плескавиците од двете страни додека не се заруменат и исцедете ги од зејтинот на кујнска хартија.
Нарендајте сирење и уживајте, добар апетит!!!