Гурманска тава во млечен сос
Состојки
- 1 кг варен компир
- 500 гр пилешки стек
- бибер, сол и мешан сув зачин по вкус
- 500 гр мелено месо
- бибер, буковец и мешан сув зачин по вкус
- масло по потреба за пржење
- За бешамел сос
- 300 гр млеко
- 2 лажици рамни брашно
- бибер, мускатно оревче и сол по вкус
- парче путер
- 250 гр кисело млеко
- 180 гр кисела павлака
- 5 јајца
Подготовка
За гурманите еве еден вкусен ручек.
Подготовка
1. Компирите ги вариме, лупиме и сечеме на половинки, па ги редиме во намрсената тава.
2. Пилешките стекови ги сечкаме на мали парчиња и ги пржиме на малку масло. Додаваме мешан сув зачин, бибер и сол по вкус.
3. Меленото месо го зачинуваме со буковец, бибер, мешан сув зачин, правиме форми на ќебапчиња или ќофтиња кои ги пржиме на масло.
4. Месото го распоредуваме во тавата.
5. За бешамелот го ставаме путерот да се стопи и неколку секунди да се запржи, па го додаваме брашното, промешуваме и залеваме со млако млеко. Мешаме до згуснување, па го зачинуваме со мускатно оревче, бибер и зачини по вкус.
6. Киселата павлака и киселото млеко ги мешаме со разматените јајца, па го додаваме и подизладениот бешамел. Со оваа смеса ги прелеваме состојките во тавата.
7. Печеме до поруменување на 220 степени.
Забелешка
Не претерувајте со зачините во кои има сол, за да не ви стане многу солен ручекот. Парчето путер го ставам од око, ама еве нека ви биде репер една полна лажица путер.