Испечати

Едноставна грав салата

Едноставна грав салата

Состојки

  • 300гр црвен-шарен грав
  • 200гр чајна салама
  • 2 главици кромид
  • 2 срвени пиперки
  • 1 лажица сол
  • 1/2 филџан вински оцет

Подготовка

Во овие горештини гравот може и вака да го подготвите и да биде еднакво вкусен.
Гравот се налева со вода и се става да се свари заедно со пиперките. Се цеди гравот, а пиперките се лупат-се одстранува лушпата и се пасираат. Кромидот се сече на парчиња исто така и чајната и се мешаат во подлабок сад. Се посолува, се налева оцет и убаво се меша. Може да се користи и готов дресинг и се разбира секогаш зачините остануваат по ваш избор.