Чоколадна торта
Состојки
- 1 шолја шеќер
- 2 шолји брашно
- 2 лажици прашок за печиво
- 1/4 шолја какао
- 2 јајца
- 3/4 шолја млеко
- 125 г стопен путер
- 180 г црна чоколада
- 1/3 шолја слатка павлака
Подготовка
Помешајте ги сувите состојки шеќерот, брашното, какаото, а потоа додајте ги јајцата, млекото и путерот. Добро измешајте и претурете ја смесата во тава за печење и ставетеа во рерна загреана на 200 степени печете 10 минути извадете ја и проверете со чепкалка за заби дали е готова.
Оставете ја да се олади, а за тоа време стопете го чоколадото измешано со павлаката. Прелијте ја тортата и послужете.